Почина Тоде Новачевски

Популарниот композитор Тоде Новачевски ја изгуби битката со тешката болест, канцер. Веста дека починал ја потврди Росана, простувајќи се со него со емотивна порака.

На јавноста ѝ е познат по многубројните хитови кои ги направи за сестринското дуо, близначките Маријана и Росана, а во ек на најголемата популарност, заедно со Маријана со која тогаш беа во брак, се преселија во Австралија.

Последните објави на неговиот профил се посветени на семејството, на љубовта кон децата, внуците, Маријана…

-Од љубовта, од вистината и од својата судбина никој не избегал. Не избегав и јас! Ако со некоја моја песна, музика, или било каква мала добрина сум ве израдувал малку, еве ми го најубавиот момент да сум најсреќен и најспокоен човек на светот, само заради тоа! – напиша Новачевски во една од последните јавни објави.

https://www.youtube.com/watch?v=c9cK2IK9b9M

Новачевски е роден во Битола во 1956 година, со години живееше во Мелбурн, Австралија. Остави голема трага во македонската музика, со безвременските хитови во изведба на дуото Маријана и Росана.
Тој е творец на „Признавам“, „Ако не исчезнам“, „Верувај ми“, „Венера“, „Око мое“, „Има една судбина“.„Свири ми брате цигане“, како и на музиката за серијата „Трст виа Скопје“.

]]>

Најчитани вести