Руската натпреварувачка во уметничко лизгање, 15 годишната Камила Валиева, не успеа да освои злато во поединечна конкуренција на ЗОИ во Пекинг. Таа направи неколку грешки, паѓаше на мразот и не освои медал.
Валиева блесна на мразот со првиот нејзин настап на ЗОИ, по што се најде во центарот на скандал за допинг. Нејзе ѝ беше дозволено да продолжи да се натпреварува, но за жал Валиева не го издржа притисокот.
Златото и среброто сепак ѝ припаднаа на Русија, првото место го освои Ана Шербакова, а второто Александра Трусова која денеска го имаше најдобриот настап.
Бронзата ѝ припадна на Јапонката Каори Сакамото, а Валиева заврши на 4. место.