На социјалните мрежи се шири видео од германскиот пијанист Дејвид Мартело како свири на пијано на полско-украинската граница, додека пристигнуваат бегалците од Украина.
Многумина се воодушевени од неговата постапка што ја прави за луѓето кои бегаат од своите домови за да си го спасат животот од војната.
„Тој е неверојатен“, „Каде и да се појави, им дава надеж на луѓето и им ги враќа насмевките на лицата”, се само дел од коментарите на Твитер.