Во една таква атмосфера, едно прекрасно мало девојче ја пее песната што на многу деца од светот им е омилена, „Let it go“ од популарниот детски филм „Снежно кралство“ на „Дизни“.
Видеото стана вирално на интернет, а во него, покрај тешката и тажна атмосфера, се гледа и како многумина се обидуваат да продолжат со „новиот начин“ на живот, но и не ги кријат солзите.
Песната е препеана на многу светски јазици, од оригиналниот англиски јазик. Видеото од девојчето на својот профил на Твитер го сподели и Идина Мензел, пејачката која го пее оригиналот.
Конфликтот досега принуди повеќе од 1,7 милиони Украинци, повеќето жени и деца, да побегнат од војната во соседните земји, особено во Полска, соопштија од УНХЦР.
Кетрин Расел, извршениот директор на Детскиот фонд на Обединетите нации изјави дека последните осум години од конфликт веќе нанеле длабока и трајна штета на 7,5 милиони деца во Украина, а заканите само се зголемиле со актуелната криза.


