(ВИДЕО) Најпознатиот македонски „камионџија“ раскажа за неговата борба со анксиозноста: Имав премногу стресни ситуации, борба за живот буквално, пукање, бркање со ножеви, тепање… Бев во премногу лоша ситуација затоа што бев дојден тука сам…

Дарко Влогс, Македонецот кој се прослави објавувајќи ги своите авантури возејќи камион во САД, на својот профил на Инстаграм раскажа за неговата борба со анксиозноста.

Иако го знаеме како насмеан и позитивен, секогаш добро расположен и подготвен да помогни да насмее, сепак во животот не му било секогаш сè така „розево“.

„Отидов на брод да работам, таму ја запознав мојата прва жена, која ме убеди да дојдам тука во Америка и после 2 месеци живеење заедно забележав дека нешто не е во ред и дека таа е патолошки лажго. Имав премногу стресни ситуации, борба за живот буквално, пукање, бркање со ножеви, тепање… Бев во премногу лоша ситуација затоа што бев дојден тука сам“, започнува со својата емотивна исповед Дарко Влогс.

Што понатаму му се случило и како стигнал до ова што е денеска слушнете од него самиот.

]]>

Најчитани вести