Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски на својот профил на Фејсбук го објави видеото чија порака е „Многу емоции, една љубов“ за поддршка на нашите фудбалери кои вечерва играат за пласман на Светското фудбалско првенство во Катар.
Македонската фудбалска репрезентација ќе дава голови во Порто, против екипата на Португалија. Тие ќе се борат за исполнување на сонот на многу генерации македонски фудбалери, а вечерачните 90 минути се нивното време да успеат во тоа.