Возачот кој во јануари ја прегази 24 годишната Викторија Николова од Радовиш, призна вина за сообраќајната несреќа што се случи на пешачки премин кај Сити мол. Тој изрази сочувство до семејството на Викторија и изрази каење.
Сообраќајната незгода се случи на 20 јануари годинава, на булеварот Партизански одреди кај „Сити Мол“ во Скопје. Во незгодата младата Викторија загина на лице место, а со тешки повреди во сообраќајката беше и момчето на Викторија, Леонид Даов.
Судењето заврши во едно рочиште, пресудата ќе биде изречена во понеделник.
]]>


