Ослободителна пресуда за Фросина Ременски

Судечкиот совет при Основниот Кривичен суд – Скопје определи вкупно 14 години затвор за обвинетите во случајот „Меѓународен сојуз“. Единствена казна затвор во траење од девет години судот му определи на обвинетиот Бојан Јовановски за „измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Судечкиот совет во случајот „Мегународен сојуз“ ја ослободи од обвинение за „измама“ обвинетата Фросина Ташевска Ременски, која веднаш по завршувањето на судењето даде изјава за медиумите и рече дека стои на располагање за сите прашања од новинарите по добивањето на пресудата.

-Задоволна сум од денешната одлука. Повеќе од две години и психички и физички и емоционално поминувам низ овој процес. Барам разбирање денеска да ја добијам пресудата да ги прочитам наводите и да одговорам на било какво прашање, изјави Ременски.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести