(ВИДЕО) Фарбање јајца со ориз: Никогаш побрза, полесна и поинтересна техника

Се ближи еден од најголемите христијански празници, Велигден. Во продолжение погледнете една одлична идеја за фарбање јајца со ориз, многу брза, лесна и едноставна техника.

За сето ова Ви треба:

-ориз
-течна боја за јајца
-неколку пластични чаши
-чинија

Поделете го оризот во неколку чаши. Во секоја ставете неколку капки од бојата и измешајте. Потоа во чашата со боја ставете го свареното јајце, покријте го со друга чаша или чинија и протресете.

Јајцата можете да ги обоите во една боја или да измешате 2 или 3 бои, за поинтересен дезен.

Совет: За оваа „техника“ на боење пожелно е да користете бели јајца.

Како детално изгледа целата процедура, погледнете во видеото:

Најчитани вести