Норвежаните пак за китот откриле само неколку работи, а една од нив е дека тој ужива да го добива вниманието на луѓе.
За време на посетата на Хамерфест, Ина Мансика и нејзините пријатели се прошетале до пристаништето за да го видат китот. Тие не само што успеале во намерата, туку доживеале и еден мала авантура. Китот белуга се нурнал длабоко во водите за да им помогне во една мала незгода.
-Мобилниот телефон од џебот од јакната ми падна во водата во моментот кога се наведнав и се обидував да го погалам китот. Китот се нурна во водата и за неколку минути се врати со мојот мобилен во устата, раскажа Мансика.
-Сите бевме изненадени. Не ни се веруваше во тоа што го гледаме. Бев среќна и благодарна што ми се врати мобилниот, иако водата за жал трајно го оштети – заклучила таа.
]]>


