Казнети 46 возачи за возење под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

На територија на СВР Битола во текот на изминатата вечер во периодот од 23.00 до 04.00 часот, спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 46 возачи. Ккао што денеска информираа од МВР, за време на контролата биле санкционирани и 42 останати прекршоци.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. 

МИА

Најчитани вести