Тибетски систем на утринска гимнастика – без станување од кревет за само 3 минути ефектот ќе трае цел ден!

Во Тибет постои неверојатен систем на утринска гимнастика „DO-IN“, што се прави наутро, без станување од кревет и трае само 3 минути, пишува „Успешнажена.ком“.

Тајната на овој метод е опишана во книгата „Тајните на античкиот Тибет“ од автор специјализиран за традиционална источна медицина, Софија Стурчак.

Според авторот, овој метод го променил животот на многу луѓе, а ќе ни помогне и нам. Потребни се само 3 минути да се активирате и да си обезбедите добро расположение за целиот ден.

Комплетната „DO-IN“ гимнастика вклучува 25 вежби, но во нашиот животен ритам, 25 вежби звучат премногу. Затоа, започнете со мини-комплекс составен од 5 основни вежби со кои ќе си обезбедите убаво целодневно расположение.

Пожелно е овие вежби да ги правите веднаш по будењето, додека се уште сте во кревет, но можете да ги правите во секое време, кога и да ви се потребни.

Сите овие вежби ги активираат важните точки на нашето тело кои се одговорни за секојдневната виталност и енергија. Овој метод може да го совлада секое лице и лично да се увери во неговата ефикасност. Најважно е – да не бидеме мрзливи затоа што со само 3 минути и само 5 вежби ќе добиеме фантастични резултати.

Вежба 1.

Темелно истријте си ги ушите со палецот и показалецот, а потоа и со дланките. Вкупно 10-20 триења со прстите и 10-20 триења со дланките.

Вежба 2.

Погалете ја главата со отворената дланка на десната и левата рака, нежно притискајќи, почнувајќи од челото кон тилот 10-15 пати.

Вежба 3.

Направете движење како „миење на лицето со отворени дланки“. Движете ги рацете нагоре и надолу, покривајќи ги образите и слепоочниците 15-20 пати.

Вежба 4.

Седнете, испреплете ги прстите на двете раце и ставете ги на задниот дел од главата. Обидете се да ја турнете главата назад, победувајќи го го отпорот на рацете. Направете го ова 15-20 пати со средно темпо.

Вежба 5.

Седејќи, благо наведнете нанапред и со испакнатините делови на двете дланки тријте го лумбалниот дел од грбот со движења нагоре – надолу. Движете ги десната и левата рака во спротивни насоки. Започнете со движење од делот во близина на ‘рбетот кон страничните делови. Направете 20-30 движења со нежен притисок.

]]>

Најчитани вести