(ВИДЕО) „Симпсонови“ ја предвиделе кризата со Русија во 1998., продуцентот ги потврди паралелите

Веднаш по првите информации за руската инвазија на Украина, корисниците на Твитер се огласија и го споредија конфликтот со епизода од култните Симпсонови од 1998 година. Во епизодата „Симпсон Тајд“ – за време на воена вежба, Хомер случајно го „испалува“ капетанот на подморница во руските води. Обновениот Советски Сојуз потоа распоредува војници и тенкови по улиците и го враќа Берлинскиот ѕид.

Продуцентот на серијата, Ал Жан, ги потврди паралелите помеѓу реалноста и фикцијата:

„Многу е тажно тоа што ова не беше тешко да се предвиди. Не сакам да зборувам за тоа, но јас сум роден во 1961 година и поминав 30 години од мојот живот со „духовите на Советскиот Сојуз“. За мене ова, за жал, е повеќе правило отколку предвидување. Само мислевме дека работите ќе тргнат на лошо“, изјави Жан во интервју за Холивуд Репортер.

https://twitter.com/its_Pradeep96/status/1496728555673120769
]]>

Најчитани вести