(ВИДЕО) Бомба што може да сруши цела зграда, украинските војници ја деактивираа со голи раце и вода

На социјалните мрежи се шири видео на кое наводно се гледа како двајца украински експерти деактивираат руска бомба со голи раце и шише вода.

Видеото за кратко време прошири на социјалните мрежи, а досега е прегледано повеќе од 1,7 милиони пати.

https://twitter.com/Charles_Lister/status/1501654584992968712

Видеото го сподели и украинската медиумска куќа „Nexta TV“, како и Чарлс Листер, директор на програмата за борбата против тероризмот и екстремизмот во Сирија и Блискиот Исток.

„Оваа руска бомба ќе ја кренеше зградата во воздух, а сепак овие украински експерти ја деактивираа со раце и шише вода“, напиша Листер.

https://twitter.com/nexta_tv/status/1501653510915596310
]]>

Најчитани вести