Илон Маск пред неколку дена официјално отвори фабрика на „Тесла“ во Германија. На свеченото отворање во Берлин, додека ја најавуваше испораката на првите автомобили на „Тесла“ од германско производство за 30 клиенти, тој заигра, а клипот брзо се прошири на Твитер.
Фабриката за автомобили на Тесла во Берлин е првата нивната фабрика во Европа, со вредност од пет милијарди евра. Исто така, фабриката на Тесла претставува најголема инвестиција во германската автомобилска индустрија во поновата историја.
Со полн капацитет, фабриката ќе произведува 500.000 автомобили годишно, 50.000 повеќе од возилата на електричен погон на германскиот конкурент „Фолксваген“ продадени во 2021 година.