Српскиот претседател Александар Вучиќ повторно стана хит на социјалните мрежи. Пред неколку дена тој во придружба на унгарскиот премиер Виктор Орбан се повозија со воз на новата брза линија што ги поврзува Белград и Нови Сад.
Вучиќ гледал низ прозорецот и мавтал со рацете додека се возеле, но на патот низ кој минувале немало никој.