Според Кремљ, рускиот претседател заработува околу 133.000 долари годишно, а живее во мал стан.
Тој опис не спаѓа во она што многумина го кажуваат за неговиот животен стил.
„RTL Direkt“ истражувале колкаво богатство имаат светските лидери. За Путин објавија дека, иако официјално тој не заработува доволно пари за скапите часовници што ги носи, неговото богатството наводно се проценува на сума од 70 до 200 милијарди долари.
Тој израснал во поранешен Ленинград, во тешка сиромаштија, а денеска никој не знае точно колку пари има. Дури и на „Форбс“ им било полесно да го проценат богатството на било кој од нарко-босовите, отколку на Путин.
Истражувачкиот тим на Алексеј Навални, главниот критичар на Кремљ, кој е во затвор, објави стотици фотографии од огромна вила на Црното Море. Тие во видеото рекоа: „Единствениот вистински сопственик на познатата палата до ден-денес е Владимир Владимирович Путин. Тој е опседнат со богатство и луксуз“.
По објавувањето на овој филм, Навални беше притворен, а веќе е и осуден за издржување казна затвор од 13 години заради „измама од особено големи размери“.
На хартија рускиот лидер изгледа како скромен бирократ. Пред четири години, во официјалниот негов биланс на состојбата, тој наведел дека има стан во Санкт Петербург, два автомобили и еден камион.


