Краткото видео започнува со, како што се чини, нормално секојдневно чекање на семафор. Возачот на градската „Хонда Фит“ (Џез во Европа) стои на улицата зад камионот со миксер.
Хоророт се случува во речиси неколку секунди. Друг камион од позади удира во малата Хонда, набивајќи ја под задните тркала на миксерот.
Причината зошто се случи сето ова можеме само да ја претпоставуваме, дали му откажале кочниците на вториот камион, или пак се работи за нешто друго, но хондата се најде како „згужвана лименка“ меѓу двата камиона, а возачот на автомобилот шокиран излезе жив и здрав. Веројатно, имајќи ја предвид целата ситуација, тој е најсреќниот возач во светот.
Во позадина се гледа дека и жената на совозачкото седиште е жива.
Не е познато каде е снимено видеото.
]]>


