На каналот на Јутјуб објавен е трејлерот за новата епизода на Пријатели.
Во видеото се гледаат главните актери кои го читаат сценариото и споделуваат спомени од снимањето на култната серија што се прикажуваше од 1994 до 2004 година.
Некои од специјалните гости во епизодата се Дејвид Бекам, Џастин Бибер, БТС, Џејмс Корден, Синди Крафорд, Лејди Гага…