(ВИДЕО) Денот на младоста се славеше во поранешна Југославија: Народот кој има ваква младина…

Најпопуларниот празник во поранешна Југославија, Денот на младоста, се славел на денешен ден, речиси четири децении.

Овој ден го знаеме и како роденден на Јосип Броз Тито, кој бил роден на 7 мај, но по 1957 година се донела одлука да се слави на овој ден.

https://www.youtube.com/watch?v=c0ZZfDZk-kY&feature=emb_title

Секоја година на овој симболичен празник на социјалистичкиот концепт на братство и единство, централниот настан бил митингот на стадионот на ЈНА, на кој му претходело неколкудневно носење на штафетата на младоста. На митинзите учествувале пионери, млади луѓе, студенти, но и припадници на сите гранки на армијата на СФРЈ.

Последната штафета била донесена во Белград во 1987 година, седум години по смртта на Тито.

https://www.youtube.com/watch?v=iTKUmi4BiJo&t=19s
]]>

Најчитани вести