Moсква отиде чекор подалеку: Оние кои ќе се вакцинираат ќе можат да освојат автомобил

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјањин објави дека секој жител на рускиот главен град кој ќе ја прими првата доза на вакцина против коронавирусот ќе може да учествува во наградната игра и да освои автомобил.

„Сите оние кои ќе ја примат првата доза на вакцината од 14 јуни до 11 јули, ќе учествуваат во лотаријата за автомобили. Секоја недела ќе се одржуваат пет извлекувања во вредност од околу еден милион рубли (околу 14.000 долари)“, откри Собјањин.

Тој додаде дека главната награда за оние кои се вакцинирани не е автомобилот, туку нивното здравје и „мирната глава“.

„Москва“ се одлучила на ваков чекор со цел да ги мотивира граѓаните што е можно повеќе да се вакцинираат, бидејќи има зголемување на бројот на нови случаи, а состојбата не се подобрува ниту во другите делови на Русија.

]]>

Најчитани вести