Пристигна дел од конвојот од Австрија кој ќе помага во гаснењето на пожарите

Во раните утрински часови пристигна првата група од конвојот на Австрија со Тимовите за заштита од пожари составена од 60 припадници и 20 возила, додека втората група се очекува да пристигне во текот на денот, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување, на нивниот Фејсбук профил.

„Вкупниот број од австрискиот конвој е составен од 136 лица, 16 возила, 24 камиони, 1 амбулантно возило, 2 АТВ и 9 приколки.

Конвојот беше пречекан од претставници на Дирекција за заштита и спасување на граничниот премин Табановце и упатен во една од најкритичните места опфатени со пожари во источниот дел на државата.

Солидарноста нé обединува.“, пишува на Фејсбук профилот на Дирекцијата за заштита и спасување.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести