Нивниот брак е официјално завршен денеска,со взаемна согласност на двајцата парнери, а сето тоа официјално се случило во Општинскиот граѓански суд во Загреб.
Во ексклузивната изјава за Јутарњи лист, пејачката потврдила дека се развела од Игор Којиќ.
-Одлуката за развод ја донесовме заеднички, со заеднички договор и нема да ја коментираме понатаму. Мојата посветеност кон мојот син и борбата за старателство беа во целосен фокус во изминатите 20 месеци. Игор беше прекрасен партнер и голема поддршка во многу тежок период од мојот живот и му ја посакувам целата среќа на светот. Знам дека сум јавна личност, но не сум јавна вреќа. Секоја разделба е тешка и ги молам медиумите да се воздржат од пишување глупости и непроверени озборувања. Мојот живот не можете да ми го влошите, но сепак имате шанса да го поправите вашиот – напиша Северина е емаил пораката до „Јутарњи лист“.
]]>


