Популарниот водител Марко Новески кого публиката најмногу го памети по забавното шоу „Дај побрзај“, а го гледавме и во квизот „Листа за триста“ се ожени.
Тој ја објави среќната вест на својот инстаграм-профил.
„Се оженив! Те сакам Плавевска и едвај чекам да видам како ќе се одвива нашата приказна. Голема благодарност до кумот Дамјан за безрезервниот ангажман околу целата работа и секако до старосватицата Сашка за стручната логистика околу овој чин“ – напиша Марко во објавата и сподели неколку фотографии од свечениот момент.
На свеченоста што се одржала според ковид-протоколите, младоженецот и невестата не носеле класична свадбарска облека. Тие одбрале жолто-бела комбинација, односно Марко во кошула и панталони, со пеперушка, а невестата, Цена Плавевска во жолто-бело здолниште со бела маица.
]]>


