Шок во „Ѕвездите на Гранд“: Цеца на местото на Јелена Карлеуша

Нов член во жирито на еден од најпопуларните регионални натпревари „Ѕвездите на Гранд“ ќе биде Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Имено, новата сезона на „Звездите на Гранд“ започнува на 18 септември, а од продукцијата ја објавија оваа вест и истакнаа дека продуцентското жири и понатаму ќе биде составено од Саша Поповиќ како претседател, Снежана Ѓуришиќ и Александар Милиќ Мили, додека стручно жири за оваа сезона ќе бидат Ана Бекута, Марија Шерифовиќ, Вики Миjковиќ, Драган Стојковиќ Босанац, Светлана Цеца Ражнатовиќ и Ѓорѓе Давид. Јелена Карлеуша не е меѓу членовите на жирито.

-Многу сме ѝ благодарни сме на досегашната членка на жирито Јелена Карлеуша за долгогодишната соработка на овој проект и се што направи за учесниците, а продукцијата „Гранд“ останува куќата во која Јелена секогаш е добредојдена, се наведува во соопштението од „Звездите на Гранд“

Се уште не е познато дали Карлеуша ја откажала соработката бидејќи Цеца стана членка на жирито или Карлеуша првично одлучила да го напушти жирито, па место нејзе доаѓа Цеца како замена. Сите знаат дека тие две не се во добри односи.

]]>

Најчитани вести