Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, бил на босанска свадба. Тој отпатувал во Босна и Херцеговина, ги посетил „босанските пирамиди“ во Високо, а потоа бил и на свадба на неговиот пријател, џудистот Немања Мајдова.
Ѓоковиќ бил централната ѕвезда покрај младенците, а друштво му правел членот на Претседателството на БиХ Милорад Додиќ. Во еден момент заедно и ја запеале „Пукни Зоро“.
Ѓоковиќ и Мајдов заедно учествуваа на Олимписките игри во Токио, беа во Олимпиското село, а познато е дека Новак секогаш ги следи неговите резултати, јавно го поддржува и му честита на успесите.