Поранешниот пејач на легендарната британска рок-група „Оезис“, Лијам Галагер (48), преку својот профил на Твитер објави дека паднал од хеликоптер, а во објавата прикачи и слика на која се гледа неговото повредено лице и најмногу неговиот нос.
Toj рече дека паднал од хеликоптерот по настапот на фестивалот на островот Вајт.
„Синоќа паднав од хеликоптер. Не може сѐ да оди мазно. Кој рече дека рокенролот е мртов? Подобар сум од Кит Мун. Вие тоа веќе го знаете“, напиша Галагер во својот твит.