“Со мали промени можеме да заштедиме енергија, финансии и да не ја загадуваме животната средина. Тоа е можно ако се грижиме за топлинската изолација во домовите, фабриките и институциите, ако користиме штедливи светилки, ако продолжиме уште повеќе да ги користиме обновливите извори енергија”, напиша на својот профил на Фејсбук, Фатмир Битиќи,
заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања.
“Енергетската ефикасност не е само прашање на еколошка одговорност, туку и прашање на економска и социјална одговорност.
Денес на Светскиот ден на енергетска ефикасност повикувам сите да бидеме повнимателни и погрижливи кон трошењето енергија во нашите средини”, порача Битиќи.


