Тен Хаг за дебаклот кај Ливерпул: Да научиме лекција и да го подобриме карактерот

Тренерот на Манчестер јунајтед Ерик тен Хаг проговори за вчерашниот висок поразот од Ливерпул (0:7).

Тен Хег беше прашан дали смета дека системските проблеми кај Манчестер јунајтед водат до големи порази. Оваа сезона тимот загуби од Брентфорд (0:4), Манчестер сити (3:6) и Ливерпул (0:7).

– Ако ова се случуваше почесто, тогаш, се разбира, ова може да се нарече шема. Но, во последните недели и месеци имавме многу добри резултати. И повторно сакам да кажам дека зборуваме за второто полувреме, бидејќи првото полувреме го одигравме одлично и достојно.

Сум имал лоши денови, но има и денови кога правиш се како што треба. Ако реагирате на правилен начин, можете да извлечете лекција, а карактерот ќе стане посилен“, изјави Тен Хаг.

Манчестер јунајтед се наоѓа на 3.место на табелата во Премиер лигата со 49 бодови, 14 помалку од лидерот Арсенал. 

МИА

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести