Блејк Џонстон го собори светскиот рекорд: Сурфаше повеќе од 30 часа

Австралиецот Блејк Џонстон го собори светскиот рекорд за најдолго сурфање. Тој непрекинато сурфал 30 часа и 11 минути во водите на плажата Кронула во јужниот дел на Сиднеј.

По неговиот „маратон“ тој не застанал на пресот изјавил дека ќе продолжи да сурфа, а со неговиот чин собра 240.000 австралиски долари за добротворни цели.

Овој 40-годишник сурфал на повеќе од 600 бранови, а со оглед на времето поминато во вода, за неговото здравје постои ризик од слепило, инфекции на увото, дехидрација, замор од недостаток на сон, хипотермија и напади од ајкули. Тој направил еден лекарски преглед и накратко излегол на плажата за да си стави капки за очи.

Пред да започне со својот предизвик, Џонстон изјавил дека може да сурфа повеќе од 40 часа. Неговата цел е да собере пари за фондацијата Чампи Пулин, основана во спомен на австралискиот олимписки сноубордер Алекс Чампи Пулин, кој се удави во 2020 година.

Тој, исто така, помага на повеќе добротворни организации за ментално здравје, делумно во чест на неговиот татко, кој извршил самоубиство пред десет години.

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести