Куман за поразот од Франција: Игравме премногу наивно

Селекторот на холандската фудбалска репрезентација Роналд Куман ги искажа впечатоците за натпреварот од квалификацискиот турнир за ЕП 2024 против Франција (0:4).

– Ја загубивме топката на 20 метри од голот и бевме казнети од големите противници. Играа премногу наивно. Жално е што многу играчи отпаднаа поради вирус, но тоа не е она за што зборуваме во моментов. Дефинитивно не одигравме добро. Не ги обвинувам само младите, очекував повеќе и од ветераните, изјави Куман.

Во групата Б водат Франција и Грција со по три бода. Холандија и Гибралтар немаат освоено бод.

Во следниот натпревар Франција ќе игра на гости со Ирска на 27 март, Холандија истиот ден ќе игра на домашен терен против Гибралтар.

MИА

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести