Што ви е потребно за да ги украсете јајцата со восок?

Процесот на бојадисување јајца со восок е присутен на нашите простори со децении и е омилен меѓу носталгичните лица. Велигден се ближи, па доколку не сте сигурни како да го направите тоа и што ви треба, останете со нас до крајот на текстот.

За украсување на велигденските јајца со восок ви треба следново:

– свежи јајца

– свеќа од восок или пчелин восок

– игла, чепкалка за заби или празно старо пенкало

– боја за јајца или средство за боење по желба

Постапка:

1. Запалете ја свеќата и почекајте да почне да се топи. Ако имате восок во сад, можете да го загреете над свеќата.

2. Со игла, чепкалка за заби или старо пенкало зафатете малку од топлиот стопен восок.

3. На јајцето направете шари по желба.

4. Јајцата ставете ги во вода со боја или друго средство со кое сакате да ги обоите.

5. Сварете ги јајцата на тивок оган.

6. Откако ќе се сварат убаво да се оладат јајцата.

7. Восокот можете да го отстраните со стругање или внимателно да го стопите под свеќа и да го избришете. Местата што сте ги прекриле со восок ќе останат светли, а остатокот од јајцето ќе биде обоен.

Извор: danas.rs

Најчитани вести