Маричиќ: Пристигна АДА, првиот дигитален асистент, правиме позитивни промени и напредуваме

Работиме на дигитална трансформација на општеството и се приближуваме до европските и светски трендови, преку зголемување на ефикасноста, ефективноста и транспарентноста на јавните услуги, во објава на Фејсбук истакна вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Тој нагласува дека „со АДА дигиталната алатка, граѓаните, бизнис секторот и заинтересираните инвеститори ќе добиваат одговори на прашањата поврзани со Програмите за државна помош и поволностите кои ги добиваат за инвестирање во нашата земја“.

Македонската економија станува поконкурентна и поефикасна, а води кон повисоки плати, пензии и нови инвестиции, потенцира Маричиќ.

Извор: frontline.mk

Најчитани вести