Новата девојка на Огњен Амиџиќ со совети како да го уредите домот: Немојте да купувате телевизор поголем од ѕидот

Водителот Огњен Амиџиќ има нова љубов и тоа неговата нова колешка Мина Наумовиќ со која веќе започнале да живеат заедно. Познатиот водител и дел од дуото „Фламингоси“ до неодамна беше во брак со Даниела Димитровска, со која го имаат синот Матија. Пред осум години пејачот ѝ посвети и песна на неговата сопруга со македонско потекло, но пред една година соопшти дека се разведуваат.

Амиџиќ сега потврди дека е во врска со Мина и дека се заедно. Како што пренесуваат локалните медиуми, нивната врска трае веќе неколку месеци, поточно од моментот кога таа се ѝ приклучила на екипата на „Амиџи шоу“, а се шпекулира и дека таа веќе се вселила во неговит луксузен стан и веќе започнале да го преуредуваат.

Мина е многу активна на социјалната мрежа Инстаграм каде секојдневно споделува информирации од својот живот со нејзините фанови. Меѓу нејзините објави се најде и фотографија од станот на Огњен.

„Не купувајте телевизор поголем од ѕидот бидејќи нема да ви го собере“ – напиша Мина на фотографијата.

Огњен се одлучил малку да го преуреди станот, а во сето тоа му помагала новата девојка, но изгледа купиле преголем телевизор, па таа веднаш објави совет за уредување на домот.

Мина и Огњен ги избегнуваат рестораните во Белград за се сокријат од љубопитните погледи, но затоа заедно патуваат надвор од градот, а новата девојка често добива и подароци, пишува „Story“. Откако медиумите дознаа за неговата врска со Мина, Огњен веднаш се огласи:

„Да, точно е. Во врска сме, но се договоривме да ја задржиме приватноста за себе и да не зборуваме за тоа“ – изјавил Амиџиќ за медиумите.

Мина Наумовиќ го води сегментот „Пази Мина“ во емисијата „Амиџи шоу“.

Најчитани вести