„Со ограничувањето на маржите на земјоделските производи за време на велигденските празници, од 5 до 30 април, граѓаните ги спасуваме од директен трошок од два милиони евра“ изјави Гоце Георгиевски од комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ во „Топ тема“ на Телма.
Тој додаде дека не е во ред ниту еден увозник или трговец да заработува енормни маржи на грбот на граѓаните во услови на криза.
„Одлуката за замрзнување на маржите е за 11 земјоделски производи. Ограничена е маржата на 40 отсто, како некоја средна вредност споредено со претходните години. Разговараме во услови, кога минатата година беше кризна и земјоделските импути беа повисоки во однос на оваа година. Цената на вештачкото ѓубриво минатата година порасна за 100 до 110 отсто, а сега е нормализирана“ рече Георгиевски.


