ПМФЛ: Убедливи победи на Струга и Шкендија 

 Лидерот „Струга“ очекувано ја совлада на домашен терен последнопласираната „Победа“ со 6-2 во еден од петте натпревари од денешното комплетно 27. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) .

Во преостанатите натпревари, второпласираната „Шкендија“, исто така, беше убедлива пред своите гледачи против „Тиквеш“ со 4-1, „Работнички“ минимално 1-0 го совлада градскиот ривал „Скопје“, додека без голови завршија натпреварите меѓу Македонија ЃП – Академија Пандев и Силекс – Брегалница.

Слободен во ова коло беше „Шкупи“.

Табела: Струга 30, Шкендија 47,Шкупи 45, Силекс 40, Брегалница 37, Македонија ЃП 33, Тиквеш 30, Работнички 28, Академија Пандев 22, Скопје 18, Победа 13. 

MИА

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести