Меган Маркл му испратила писмо на кралот Чарлс за расизмот во кралското семекство: Не била задоволна од одговорот

Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс III на 6 мај без Меган и нивните две деца, Арчи, кој ќе наполни четири години на денот на крунисувањето на неговиот дедо и Лилибет, која има 22 месеци.

Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, испратила писмо до британскиот крал Чарлс Трети поради „расизам“ и малтретирање во кралското семејство, објави британски Телеграф.

Се наведува дека по интервјуто со Опра Винфри, војвотката од Сасекс испратила писмо до кралот Чарлс. Меган во интервју во 2021 година тврдеше дека имало „загриженост и дискусија“ во кралското семејство за тоа колку темна би можела да биде кожата на нејзиниот син кога ќе се роди.

Винфри потоа ја праша дали би било проблем ако нејзиниот син е „премногу кафеав“, на што Меган одговори: „Ако тоа е Ваше мислење, тогаш сосема е сигурно“.

По тврдењата, Меган наводно добила одговор од тогашниот принц од Велс во кое тој пишува дека жали поради разделбата.

Сегашниот крал тогаш исто така ѝ напишал дека е разочаран што Хари и Меган чувствуваат потреба да упатуваат такви гласни и штетни обвинувања, објави Сан. Чарлс, наводно, бил единствениот постар член од семејството кој стапил во контакт со војвотката по тоа интервју.

Меган (41) му одговорила на кралот Чарлс, велејќи му дека никогаш немала намера да го обвини постариот член на семејството, како расист.

Но, и покрај таа кореспонденција, Меган чувствува дека не добила задоволителен одговор на нејзината загриженост, изјави извор за Телеграф.

Иако постеше надеж дека крунисувањето на кралот Чарлс би можело да даде можност за помирување со Хари и Меган, сепак изгледа тоа нема да се случи.

Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс III на 6 мај без Меган и нивните две деца, Арчи, кој ќе наполни четири години на денот на крунисувањето на неговиот дедо и Лилибет, која има 22 месеци.

Најчитани вести