Каратистите на Макпетрол освоија пет медали на интернационален турнир „Златен појас“

На турнирот ,,Златен појас” одржан викендот во Чачак, Србија, каратистите на Макпетрол освоија пет одличја.

Златен медал освои Стефан Стојановиќ во категоријата сениори +84 кг златен медал и во У21 +84 кг златен медал.

Со сребро се закити Данило Божовиќ во категоријата У 21 +84 кг сребрен медал

Бронзени медали освоија: Витомир Трајковски Сениори -84 кг бронзен медал и Димитар Лозановски јуниор -75 кг бронзен медал.

На турнирот од преку 2.000 учесници, од Макпетрол настапија 11 каратисти во машка и женска конкуренција, сите настапија во дисциплината борби. 

МИА

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести