Не е тајна дека родителите на Немања, Оливера и Небојша, одлично ја прифатиле идната снаа, а веќе во јавноста познато е и кои се тие, идните сватови на Цеца. Татко му порано исто така бил фудбалер, додека за мајка му велат дека е столбот на семејството.
Небојша кариерата ја започнал во Босна, од каде дошол во Партизан, каде останал три години. Во текот на својата фудбалска кариера настапувал за шпанските клубови Логронес и Леганес. Девет години играл во Холандија, дури 300 натпревари за Бреда, а кариерата ја завршил во 2006 година во Спарта.
Таткото на Немања и по кариерата останал во фудбалот и моментално е технички директор на кинескиот клуб Хубеи Истар.
Во една прилика, тој открил дека столбот на нивното семејство е неговата сопруга Оливера, која на нејзините раменици издржала се, почнувајќи од тренинзите на Небојша, патувањата и карантинот, па завршувајќи со воспитувањето на трите деца кои речиси сама ги извела на вистинскиот пат.


