Мурал со Јосип Броз Тито облечен во црвени гаќи за капење се појави во Ровињ. Муралот го прикажува Тито како лежи на лежалка под палми, со очила за сонце на главата и прекрстени нозе. Името на муралот е „Ел Президенте“, а авторот Борис Баре го замислил Тито во таа поза на Бриони.
„Муралот е создаден како дел од малиот парк во Ровињ. Темата беше Лето и Ровињ, а муралот на Тито нема политичка порака за мене, само сакав да го покажам лесниот живот на плажа и во лето”, вели авторот на муралот за Индекс.хр.


