Даниел Кајмакоски стана татко на уште едeн син

Oткако пред некое време македонскиот пејач Даниел Кајмакоски сподели дека со неговата сопруга го очекуваат нивното прво заедничко дете, тој сега објави дека станал татко на уште еден син.

Со објава на Инстаграм, вчера тој откри дека го добиле синот Стефан.

„Дами и господа, ова е Стефан кралот“, напиша Даниел на Инстаграм.

Видео плејер

Инаку, пејачот веќе има едно дете, шестгодишниот Давид, кое го доби во бракот со Кристина Димитријевска.

Најчитани вести