(ВИДЕО) Голем аплауз и илјадници цвеќиња на подот во Штарк арената по едноминутното молчење во чест на настраданите во масакрот во Белград

Кошаркарите на Партизан и Реал Мадрид го играат четвртиот натпревар од плејоф серијата на Евролигата во преполната Штарк арена.

Пред почетокот на натпреварот им беше одадена почит на жртвите од масакрот во Белград, во кој беа убиени осум ученици и чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“.

Во преполната арена завладеа молк, молчеа околу 20.000 навивачи, а потоа по едноминутното молчење следеше аплауз и илјадници цвеќиња долетаа на подот.

Во чест на настраданите, играчите на Партизан носат црни маици со името на училиштето во кое се случи трагеднијата.

Најчитани вести