(ФОТО) Објавени првите фотографии по крунисувањето на кралот Чарлс


Кралот Чарлс III и кралицата Камила ги објавија првите официјални фотографии од нивното крунисување.

Портретите се направени од фотографот Хуго Бурнанд и објавени од Бакингемската палата на официјалниот профил на Инстаграм на кралското семејство, заедно со порака од кралот Чарлс.

„Како што се приближува крајот на викендот на крунисувањето, мојата сопруга и јас сакавме да ја споделиме нашата искрена и длабока благодарност до сите оние кои помогнаа оваа пригода да биде толку посебна. Посебно им се заблагоаруваме на луѓето кои одвоија дел од своето време и посветеност за славењето во Лондон, Виндзор и на други места да биде што е можно посреќно, безбедно и убаво“, стои во пораката на кралот.

Чарлс во својата порака истакнал дека атмосферата била како дома.

„Им благодариме на сите што се придружија на прославата – без разлика дали беа дома, на уличните забави и ручеци или со волонтирање во заедниците. Вашата поддршка и охрабрување сведочи за вашата добрина изразена на толку многу начини и тоа е најголемиот можен крунисувачки подарок, а ние сега повторно ги посветуваме нашите животи служејќи му на народот на Обединетото Кралство и на земјите од Комонвелтот“, пишува во објавата.

Најчитани вести