Пејачката Шакира повторно актуелна за медиумите. Овој пат причината не е нејзиниот неверен партнер Жерар Пике, туку холивудскиот актер Том Круз.
Имено, тие двајцата се сретнале минатиот викенд на Формула 1 ГП во Мајами, по што „Page Six“ повикувајќи се на свои извори пишува дека Том е „многу заинтересиран за Шакира“ и дека чувствува хемија кон неа.

Актерот и колумбиската пејачка се фотографирани како разговараат на стартната линија на трката во Формула 1, а подоцна се дружат и во приватниот простор. Според изворот, Круз ѝ испратил и цвеќе на Шакира по средбата.
За дали навистина има хемија меѓу нив двајца, сведочи и среќното лице на пејачката, која била фотографирана од папараците во друштво на пријатели додека се возеле со брод во Мајами.
„Мора да признаеме дека насмевката на нејзиното лице кажува многу, а се чини дека конечно ги оставила зад себе сите грди работи кои ѝ се случуваа со Пике во изминатите месеци“, пишува „Page Six“.
Пејачката има два сина од бракот со Пике. Тие двајца раскина минатата година бидејќи тој ја изневерил. Главните несогласувањеа околу разводот беа поврзани со децата, но Шакира успеа да се договори со пензионираниот фудбалер тие да живеат со неа во Америка.


