Денес ќе наполнеше 70 години, старомодниот шармер Ѓорѓе Балашевиќ

На денешен ден пред 70 години е роден пејачот Ѓорѓе Балашевиќ. Неговата ќерка Јелена пред четири години на официјалната Фејсбук страница на пејачот сподели интересна анегдота поврзана со неговото име. Ѓорѓе, всушност, за малку ќе го добиел името Зоран. На неговата мајка многу и се допаднало ова име , но се вмешал дедо му Ѓока кој инсистирал дека внукот треба да го добие неговото име.

Ѓорѓе е роден во знакот Бик, доминантен, како ученик бил со променлив успех. Бил зависен од играње фудбал а на јавноста и беше познат како старомодниот шармер.

-„И обично сум послаб со датумите, ги класифицирам спомените според сосема поинаков систем, па сега нема да ги ставам спомените на страниците на старите календари, се плашам дека ќе згрешам. Накратко беа навистина убави. Дефинитивно вредеше“, додаде тој.

Зад Ѓорѓе Балашавиќ останаа бројни хитови кои се пејат и ден денес : Девојка са чардаш ногама, Не ломите ми багрење, Божа звани Пуб, Рингишпил, Свирајте ми јесен стиже дуњо моја, Прича о Васи Ладачком и многу други.

Најчитани вести