Обложувалниците побараа од „ChatGPT“ да ги анализира фаворитите за победа на финалето на Евровизија 2023. Алатката за вештачка интелигенција ја предвиде победата на Шведска.
Ова е „рецензијата“, поточно прогнозата на „ChatGPT“ за финалето на Евровизија:
„Евровизија 2023 се одржа на 13 мај. Вечерта беше динамична, исполнета со сензационални настапи и жестока конкуренција. По возбудливиот натпревар, победник беше песната од Шведска. Шведската натпреварувачка со нејзиниот исклучителен глас, хипнотизирачка изведба и комбинацијата на модерни и традиционални музички елемент ги освои срцата и на судиите и на публиката. Со неверојатни 298 поени обезбедија заслужена победа“, напиша АИ.
„Домаќините, преставниците од Обединетото Кралство, исто така, имаа извонреден настап. Обединетото Кралство постигна импресивни 275 поени и заврши во првите пет. Песната беше со длабоко значење, отпеана со моќен вокал и интересна мелодија и во неа се препознаа гледачите ширум Европа. Украина имаше моќна песна исполнета со многу емоции. Со нивниот настап и трогателниот вокал освоија 315 поени и завршија во првите три. Украина покажа уникатна комбинација на модерни и традиционални елементи и на публиката ѝ овозможи незаборавно искуство. Треба да се земе предвид дека информациите дадени овде се целосно измислени и не ги претставуваат вистинските настани и резултати од финалето на Евровизија. Деталите се резултат на имагинација и креативност“, пишува „Betting Sites“.


