Познатиот српски водител Огнен Амиџиќ со новата девојка Мина заминаа за Истанбул

Неодамна водителот на популарната емисија Амиџи шоу, Огнен Амиџиќ откри дека е во врска со Мина Наумовиќ, колешка од емисијата.

Како што објавија српските медиуми тие веќе и живеат заедно во станот на Огнен и секој слободен момент го користат да отпатуваат некаде. Сега се во Истанбул а Огнен во оваа прилика објави и фотографија од Мина како лежи во кревет.

Прво неговата девојка објави фотографија од кревет, покриена со чаршаф а потоа истата ја сподели и Огнен на Инстаграм.
Познатиот водител беше во брак со манекенката Данијела Димитровски со која имаат и син а врската со 17 години помладата колешка успешно ја криеше се додека не беа откриени во кафуле во Белград како разменуваат нежности и подоцна заедно заминуваат во неговиот стан.

Најчитани вести