Зара ја повлече од продажба кошулата за бебиња!

На веб страницата на државниот информативен систем за потрошувачи НЕПРО е објавено дека брендот Зара ја повлекол од продажба својата бебешка кошула од домашниот пазар. Наводно, кошулата била повлечена поради постоење на опасност лесно да се откачат копчињата и да дојде до задушување на децата кои би можеле да ги стават во уста и да ги проголтаат, стои на веб сајтот.

Од таму посочуваат и дека сите оние кои веќе ја купиле кошулката ќе можат да го вратат производот и парите ќе им бидат рефундирани. Се работи за кошула која на предниот дел има пет копчиња а производител е турска компанија.

Последните парчиња од овој производ се продадени во јануари оваа година.

Најчитани вести