Направи бум на Евровизија, а еве како изгледа денес: Пoранешната евровизиска победничка ќе настапи на вечерашното финале

Wild Dances Lyrics by Ruslana

Украина е земјата која во 21 век освои најмногу победи на „Евровизија“ и вечерва публиката може да ги слушне сите три победници кои го однесоа натпреварот во Киев.

Во финалето ќе настапат евровизиските победници Нета и Данкан Лоренс, популарниот Махмуд кој двапати ја претставуваше Италија и Сем Рајдер, минатогодишниот претставник на Обединетото Кралство, кој го освои второто место.

Посебен сегмент беше одвоен за поранешните претставници на Украина, земјата која годинава требаше да биде земја домаќин, но заради војната, домаќин е Обединетото Кралство.

Во вечерашбото полуфинале ќе настапат групата Go_A (5 место 2021), Џамала (1 место 2016), Верка Сердучка (2 место 2007), Тина Карол (7 место 2006), како и минатогодишните победници Евровизија, Калуш оркестар.

Но, она што најмногу ја израдува публиката е настапот на Руслана, победничката на Евровизија од 2004 година. Таа победи со песната „Wild Dances“, која брзо стана голем хит.

Пејачката ѝ се обрати на публиката и го најави настапот што претходно бил снимен во Киев, откривајќи дека ќе го отпее победничкиот хит како и новата песна.

Најчитани вести