Кралот Чарлс ја објави првата фотографија со неговите наследници по крунисувањето

Неговата мајка беше британски монарх кој надолго бил на тронот, а кралот Чарлс го држи рекордот за бротански монарх кој најдолго чекал да биде крал.

Чарлс беше крунисан на 6 мај и сите погледи беа насочени кон новиот британски крал кој дојде на тронот по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора на 8 септември минатата година.

За жал, Чарлс дојде на тронот среде заладувањето на односите со неговиот помлад син и неговата сопруга, принцот Хари и Меган Маркл.


Чарлс III е роден на 14 ноември 1948 година во Лондон како најстаро дете на Елизабета II и принцот Филип, војводата од Единбург.

Британскиот крал го одбележа крунисувањето објавувајќи нова фотографија со двајцата наследници, престолонаследникот Вилијам и неговиот син, принцот Џорџ.

Најчитани вести